Бизнис-лига: Гранит славеше во гол-шоуто со ЈСП

Нови три натпревари беа денеска на програмата во Бизнис-лигата, на дуелот меѓу Гранит и ЈСП беа постигнати вкупно 17 погодоци.

Во дожд од голови Гранит поуспешен од ЈСП

Гранит 9-8(3-4) ЈСП

Гранит: Стефан Тевдовски 29’ 34’ 40’ Денис Петров 35’ Николче Глигуровски 4’ 23’ Пепи Мицев 9’ 19’ 38’
ЈСП: Марјан србиновски 4’ 10’ 27’ 37’ Љупчо Павловиќ 2’ Даниел Антовски 11’ 33’ Сабит Хусеини 40’

Интересно прво полувреме одиграа Гранит и ЈСП, воведните минути во натпреварот најавија ефикасно полувреме во кое веќе во 4. минута екипата на ЈСП имаше водство од 1-2. По овие воведни минути опадна темпото и играта главно се одвиваше на средината на теренот, каде играчите со повремени соло акции се обидуваа да направат нешто повеќе. До крајот на полувремето екипата на ЈСП имаше повеќе од играта и успеа да го добие ова полувреме со резултат од 3-4. На стартот од второто полувреме Гранит успеа да постигне погодок со кој го израмни резултатот, по што следуваше жестока борба по целиот терен екипите наизменично се менуваа во водството за во 33та минута да биде повторно егал по што влековме во неизвесна завршница. Во таквата неизвесна завршница поуспешна беше тимот на Гранит кој го доби овој натпревар со резултат од 9-8.

 

Ваикики и ЕВН ги поделија бодовите

LC Waikiki 4-4(3-0) ЕВН

LC Waikiki: Енес Ариф 4’ Иљаз Јудини 5’ 33’ Илијз 13′
ЕВН: Бојан Маџовски 22’ 23’ Димитар Димовски 29’ Наумче Бадаловски 38’

Првата фаза од полувремето помеѓу LC Waikiki и ЕВН помина во знакот на екипата на LC Waikiki која обезбеди рано водство во 4та и 5та минута. По оваа негатива ЕВН направи неколку промени во тактиката се префрли на противничко поле вршејќи силен притисок со цел да дојде до израмнување. Екипата на LC Waikiki одигра одлично полувреме не дозволи на екипата на ЕВН да постигне погодок и на полувремето се замина со предност од 3-0 за тимот на LC Waikiki. На стартот од второто полувреме составот на ЕВН преку расположениот Маџоски успеа да постигне два гола со кои фати резултатски приклучок. Овие погодоци им дадоа дополнителен мотив па тргнаа уште пожестоко по израмнување што им успеа во 29та минута кога преку Димовски израмнија на 3-3. Екипата на LC Waikiki не се откажуваше лесно од натпреварот па по само неколку минути преку Јудини поведе со 4-3 и ја направи завршницата од натпреварот неизвесна во која сепак ЕВН успеа да реализира за реми при резултат од 4-4.

Мепсо преку контранапади до победа над Маркарт

Мепсо 7-3(4-2) Маркарт

Мепсо: Александар Јакимовски 5’ Ѓоко Јанакиевски 11’ Диме Рошковски 13’ 19’ 35’ 36’ Далибор Христов 30’ 
Маркарт: Пеце Стојанов 1’ 35’ Тоше Трајковски 8’

Екипата на Маркарт во дуелот со Мепсо го постигна најбрзиот погодок во досегашниот дел од натпреварувањето, само по неколку секунди реализирајќи преку Стојанов за водство од 0-1. Мепсо за кратко време успеа да ги консолидира своите редови и во 4. минута преку одлично изведен контранапад израмни на 1-1. Во 8. минута видовме ново водство на Маркарт кое по само неколку минути екипата на Мепсо го стопи и консредината на полувремето успеа да направи целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето Маркарт со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување и се префрли во противничкото поле, а таквата игра екипата на Мепсо ја казни со водство од 4-2 на полувремето. Во второто полувреме тимот на Маркарт се префрли во предно поле и со помош на голман играч во фаза на напад се обидуваше да створи вишок како би фатила резултатски приклучок, но со таквата офанзивна игра оставија многу празнини во одбраната што екипата на Мепсо го казни со одлично креирани контра напади што успеваше да ги претвори во голови. На крајот од натпреварот составот на Мепсо славеше со високи 7-3.

Се вчитува...