Бизнис-лига: Халк Банка ја доби битката со Пекабеско

Фабрика Карпош славеше убедливо над Раде Кончар, додека најнеизвесно беше на дуелот Халк Банка – Пекабеско…

Фабрика Карпош на крилата на Петрушевски до убедлива победа

Раде Кончар 3-14 (0-4) Фабрика Карпош

Раде Кончар: Ивица Доневски 27’ Горан Наумовски 33’ Сашо Трпчевски 38’
Фабрика Карпош: Љупчо Петрушевски 1’ 4’ 11’ 26’ 36’ 40’ Александар Божиков 15’ 25’ 28’ 29’ 35’ Тони Мировски 26’ 27’ Марјан Казаков 31’

Раде Кончар и Фабрика Карпош одиграа интересно прво полувреме во кое екипата на Фарика Карпош уште на самиот старт успеа да постигне погодок и да ја превземе контролата над играта и резултатот. Составот на Раде Кончар се обидуваше со удари од далечина да постигне погодок, но Фабрика Карпош одлично ја имаше поставено играта во одбрана и со брза трансформаци во напад успеа да го казни противникот. На полувремето се замина со резултат од 0-4 во корист на Фабрика Карпош. Во второто полувреме екипата на Раде Кончар се префрли на противничката половина и се одбида да изврши притисок кон противничкиот голман обидувајќи се да го намали водството на Фарбика Карпош од полувремето. Сепак, Фабрика Карпош доста умешно успеваше да одолее на овој притисок и ги однесе бодовите со убедлив резултат 3-14.

 

Пекабеско не успеа да направи целосен пресврт во дуелот со Халк Банка

Пекабеско 3-4(0-3) Халк Банка

Пекабеско: Андрија Периќ 22’ Бобан Вујиќ 26’ 29’ 
Халк Банка: Алпер Тахир 1’ Ерсин Тахир 16’ Мартин Дамески 18’ 40’

Натпреварот помеѓу Пекабеско и Халк Банка имаше одлично отварање уште во првата минута екипата на Халк Банка успеа да постигне погодок и да го отвори резултатот. По овој примен погодок Пекабеско ја зацврсти играта во одбраната и успеа да го запре налетот на екипата на Халк Банка, истовремено обидувајќи се преку контранапади да дојде до изедначување на резултатот. До крајот на полувремето Халк Банка вршеше постојан притисок кон голот на Пекабеско и успеа да дојде до солидна предност на полувремето од 0-3. Во второто полувреме видовме нова слика, екипата на Пекабеско уште на самиот старт тргна офанзино и успеа да го намали водството на Халк Банка. Овој постигнат погодок дополнително ги мотивираше и веќе во 29. минута од натпреварот успеаа да го израмнат резултатот на 3-3 со што натпреварот влезе во неизвесна завршница. Во финишот од наптреварот екипата на Халк Банка успеа да искористи контра напад и да реализира за победа на овој натпревар со резултат од 3-4.

Џонсон Мети со одлична игра до победа над Окта

Окта 3-8(1-4) Џонсон Мети

Окта: Дарко Стоилковски 13’ Драганче Стојановски 35’ 38’ 
Џонсон Мети: Бојан Дејановски 6’ Бобан Ристов 15’ Александар Недев 20’ Даниел Стојановски 20’ 40’ Љупчо Стојановски 22’ Христијан Стојановски 26’ 37’

Првото полувреме од натпреварот помеѓу Окта и Џонсон Мети ни понуди интересен фудбал полн со возбуди. Екипата на Џонсон Мети во 6. минута преку одлично изработена акција, преку Дејановски успеа да го отвори резултатот на 0-1. По примениот погодок Окта направи неколку промени во играта, што резултираше со израмнување на резултатот во 13. минута. Сепак, изедначениот резултат кратко траеше, екипата на Џонсон Мети за кратко повторно се врати во препознатливиот ритам на игра и до крајот на полувремето со неколку одлични погодоци успеа да дојде до поволен резултат од 1-4. Во второто полувреме Џонсон Мети продолжи во својот препознатлив, напаѓачки ритам на игра и уште во почетната фаза од полувремето успеа да направи солидна предност. До крајот од натпреварот Окта се обидуваше да го намали водството на Џонсон Мети, во што делумно успеа со два одлични погодоци на својот голман играч Драганче Сојановски, но сепак немаа сили за нешто повеќе во овој натпревар. Натпреварот заврши со конечен резултат од 3-8 во корист на Џонсон Мети.

Се вчитува...