Бизнис-лига: ЈСП во меч со 14 гола го реши ЕВН

Два интересни натпревари се одиграа денеска во рамките од Бизнис-лигата…

Со континуирано добра игра Аџибадем Систина до победа над Рамстор

Аџибадем Систина 5-3(3-1) Рамстор

Аџиб. Систина: Кристијан Димковски 7’ Игор Ѓорѓиевски 12’ Александар Јаневски 14’ Горан Манов 31’ 40’Рамстор: Михрем Мемед 18’ 37’ Ведат Арслан 24’

sistina

Во првата фаза од првото полувреме екпите на Систина и Рамстор влегоа доста претпазливо, внимавајќи повеќе на својот гол и фокусирани на одбраната. На средината на полувремето  Систина создаде сигурни шанси за гол, од кои две успеа да ги реализира,  паво 12. минута резултатот беше 2-0 за екипата на Систина. Во ова прво полувреме екипата на Рамстор не успеа да најде против-игра за расположената Систина. Првото полувреме заврши со резултат од 4-1. Во второто полувреме двете екипи наметнаа висок ритам на игра, Рамстор во таквата игра беше поконкретна и успеа да создаде чисти шанси за гол но денеска реализацијата им беше слаба страна. Екипата на Систина успеа да ги казни за слабата реализација и да го добие овој натпревар со резултат од 5-3.

ЈСП со пресврт до победа над ЕВН

ЕВН 6-8(3-1) ЈСП

ЕВН: Наум Бадаловски 5’ 28’ Бојан Симоноски 8’ 11’ 34’ 40’ЈСП: Марјан Србиновски 4’ Љупчо Павловиќ 23’ 35’ Велко Серафимовски 24’ Сабит Хусеини 36’ Давор Калиновски 38’ 39’ Дејан Блажевски 40’

jsp evn2

Во првото полувреме од натпреварот помеѓу ЕВН и ЈСП двете екипи прикажаа одлична игра, со многу комбинаторика и воиграни акции. И двете екипи уште на самиот почеток започнаа да атакуваат кон противничкиот гол, во 4та минута екипата на ЈСП го отвори резултатот со одличен погодок на Србиновски кој играше како голман-играч. Екипата на ЕВН брзо се врати во игра и по само една минута го израмни резултатот, по овој постигнат погодок екипата на ЕВН доби дополнителна мотивација за игра во неколку минути успеа да направи целосен резултатски пресврт и на полувремето да замине со предност од 3-1. Во второто полувреме екипата на ЈСП уште на самиот старт го нападна голот на ЕВН, после неколку минути успеа да погоди два погодока и да го израмни резултатот на 3-3. Во продолжението на полувремето следуваше жестока борба низ целиот терен, поуспешна беше екипата на ЈСП која го доби овој дуел со резултат од 6-8.

Се вчитува...