Бизнис-лига: Лукоил лесно го реши ЕВН

Три интересни натпревари беа вечерва на програмата во рамките од Бизнис-лигата.

Лукоил го скрши отпорот на ЕВН

ЕВН 4-6 (1-2) Лукоил

ЕВН: Бојан Симоновски 3’ 37’ Томи Илиевски 35’ 39’

Лукоил: Игор Дамјаноски 17’ Секулоски 18’ Љупчо Апостоловски 22’ Мартин Алаѓозовски 23’ Гоце Мојсоски 25’ Жарко Климкаров 37’

lukoil evn2

Екипата на ЕВН одлично влезе во дуелот со Лукоил и со контролиран напад и цврста одбрана успеа да дојде до водство и да го задржи истото се до самиот финиш на првото полувреме кога екипата на Лукоил успеа да го скрши нивниот отпорот и не само да го израмни резултатот, туку и на полувремето да оди со водство од 1-2. Второто полувреме беше во знакот на Лукоил кој уште на самиот старт прдолжи во истото темпо со кое го заврши првото полувреме, ваквата игра му дозволи резултатски да се одлепи. ЕВН во своите редови внесе голман играч со кој успеа да го намали водството но не и да дојде до израмнување па го загуби овој натпревар со 4-6.

ЈСП и Еуролинк ги поделија бодовите

ЈСП 4-4(1-2) Еуролинк

ЈСП: Дејан Блажевски 8’ 27’ Марјан Србиновски 36’ Велко Серафимовски 40’

Еуролинк: Ивица Стефковски 4’ 33’ 37’ Дарко Кадински 9’

jsp eurolink1

Екипите на ЈСП и Еуролинк одиграа крајно израмнет и неизвесен натпревар. Во првото полувреме екипата на Еуролинк во отворен фудбал успеа да стекне предност која ја контролираше во текот на целото полувреме за да на крајот го добие со минимални 1-2. Во второто полувреме екипата на ЈСП успеа да го израмни резултатот по што се играше гол за гол и на двете страни се до самиот финиш се играше егал натпревар во кој ниту една од двете екипи не успеа резултатски да се оддели. Во ваквата гол за гол игра екипите на ЈСП и Еуролинк ги поделија бодовите.

Македонски Телеком со затворен фудбал до победа над Систина

Систина 0-2(0-1) Македонски Телеком

Македонски Телеком: Гоце Филипов 10’ Стефан Наскоски 32’

sistina telekom1

Натпреварот помеѓу Систина и Македонски Телеком започна многу дефанзивно. Уште на самиот старт акипата на Македонски Телеком стави целосен акцент на играта во обраната по што преку контра напади се обидуваше да атакува на противничкиот гол. Тоа им појде од рака во 10’ кога преку Филипов поведе со 0-1 водство кое го чуваа до крајот на првото полувреме. Во второто полувреме Македонски Телеком продолжи во ист ритам играјќи затворен фудбал за кој систина не можеше да најде соодветна противигра. Офанзивната Систина му дозволи на Македонски Телеком уште една грешка во нападот да ја претвори во гол и поведе со 0-2 резултат со кој Македонски Телеком го доби овој натпревар.

Се вчитува...