Бизнис-лига: Матрикс ја задржа Окта „на нула“

Екипите на Макпетрол, Матрикс и Рамстор славеа победи на денешните натпревари од Бизнис-лигата…

Макпетрол не дозволи изненадување во дуелот со Вип

Макпетрол 9-5(7-2) Вип

Макпетрол: Ибраим Исмаили 2′ Мишо Ѓоргиевски 6′ 13′ 32′ Игор Стојковски 7′ 10′ 11′ 13′ 40′
Вип: Мартин Ангеловски 9′ 17′ 21′ 37′ Иле Никодиновски 28′

Макпетрол и Вип одиграа ефикасно прво полувреме, период во кој екипата на Макпетрол покажа целосна доминација. Тие уште на самиот старт го превземаа водството и со сигурна игра во одбрана и напад од минута во минута го зголемуваа. Екипата на Вип, која денеска настапи без неколкумина клучни играчи не успеа да најде противигра за расположениот Макпетрол. На полувремето се замина со резултат 7-2. Во вториот дел екипата на Вип започна со одлична игра и успеа да го намали високото водство од полувремето преку одличниот Ангеловски со 4 постигнати погодоци, но сепак Макпетрол не дозволи изненадување и со сигурна игра ги однесе бодовите во овој натпревар.

Матрикс ги искористи грешките на Окта за сигурна победа

Окта 0-5(0-2) Матрикс

Матрикс: Антонио Богдановски 1′ Дарко Цветковски 19′ Бојан Марковски 25′ Велче Јордановски Никола Христовски 40′

Натпреварот помеѓу Окта и Матрикс имаше одличен почеток за екипата на Матрикс која уште во првата минута го отвори резултатот со одличен погодок на Богдановски. По овој рано примен гол составот на Окта се префрли во противничкото поле со цел да дојде до израмнување. Матрикс одлично ја имаше поставено својата игра во одбрана и преку контранапади успеа да го зголеми водството кое на полувремето изнесуваше 2-0. Во вториот дел Окта започна со промена на тактиката во фаза на напад играјќи со голман играч со цел да створи вишок, но и ваквата тактика не им донесе резултат, напротив екипата на Матрикс ја искористи празнината во одбраната за зголемување на водството и конечна победа од 5-0.

Пекабеско без шанси против расположениот Рамстор

Рамстор 9-2(3-0) Пекабеско

Рамстор: Фуркан Муртезан 7′ 10′ Хурјед Шакири 12′ 35′ 37′ Зоран Алексовски 22′ Арјан Цами 38′ Ибрахим Бекир 29′ 33′
Пекабеско: Мартин Здравевски 24′ 40′

Првото полувреме од натпреварот помеѓу Рамстор и Пекабеско ни понуди возбудлив фудбал со многу шанси и атрактивни потези на двете страни. Во ова полувреме екипата на Рамстор своите зрели шанси успеа да ги претвори во гол за комотно водство од 3-0 до средината на полувремето. Пекабеско прикажа одлична игра, но во ова полувреме затаи нивната реализација. На паузата се замина со резултат од 3-0. На стартот на второто полувреме екипата на Пекабеско тргна напаѓачки и со сите сили се обидуваше да го намали водството на Рамстор од полувремето, сепак екипата на Рамстор ја казни таквата отворена игра на Пекабеско и на крајот го доби натпреварот со убедливи 9-2.

Се вчитува...