Бизнис-лига: „Петарди“ на ЈСП и на Лукоил

Со вечерашните победи на ЈСП и на Лукоил беше заокружено уште едно коло во Бизнис-лигата.

ЈСП со пресврт до победа во дуелот со Еуро Табак

Еуро Табак 3-5(2-1) ЈСП

Еуро Табак: Дејан Младеновски 5’ 39’ Коста Гичев 12’ЈСП: Даниел Антовски 16’ Марјан Србиновски 22’ 23’ 40’ Давор Калиновски 39’

euro tabak jsp

Во првото полувреме од натпреварот помеѓу Еуро Табак и ЈСП бевме сведоци на одлична игра со многу шанси на двете страни, атрактивни потези и одлични голови. Двете екипи се определија за отворена игра и напаѓачки фудбал, во таквата игра прва до водство дојде екипата на Еуро Табак во 5та минута, за неколку минути подоцна и да го зголмеи водството. Екипата на ЈСП во последните минути од полувремето преку контра напад преку Антовски успеа да ја намали разликата и на полувремето се замина со резултат од 2-1. Во второто полувреме екипата на ЈСП ги консолидираше своите редови и на самиот почеток наметна Жесток ритам на игра со кој успеа да го стопи водството на Еуро Табак и да дојде до целосен пресврт уште во раната фаза од второто полувреме. Екипата на Еуро Табак со сите сили се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот, но екипата на ЈСП доста умешно ја сочува предноста и успеа да го добие овој натпревар со резултат од 3-5.

Во динамичен натпревар Лукоил го совлада ЕЛЕМ

ЕЛЕМ 1-5(0-2) Лукоил

ЕЛЕМ: Златко Станкоски 25’Лукоил: Мартин Алаѓозовски 4’ 7’ 23’ 35’ Анѓелчо Арсов 40’

lukoil elem1

Динамично прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и Лукоил, и двете екипи го почнаа натпреварот со отворен фудбал. Уште од првата минута се редеа шанси и на двете страни, во таквата отворена игра екипата на Лукоил беше поснаодлива и успеа на полувремето да замине со два гола предност. Екипата на ЕЛЕМ успеа да створи неколку 100% шанси за гол но во ова прво полувреме реализацијата им беше слаба страна. Во второто полувреме жестока борба по целиот терен екипата на ЕЛЕМ се обидуваше да го намали водството, но сепак искусната екипа на Лукоил успеа да одолее на тој притисок од екипата на ЕЛЕМ и успеа да го добие натпреварот со резултат од 1-5.

Се вчитува...