Бизнис-лига: Рамстор беше пресилен за Гранит

Три интересни натпревари се одиграа во текот на вчерашниот ден во Бизнис-лигата…

Пекабеско и Факом завршија реми во егал натпревар

Пекабеско 6-6 (3-3) Факом

Пекабеско: Јовица Левајковски 7’ Бобан Вујиќ 18’ 29’ Слободан Игнатов 19’ Дејан Неделковски 24’ 40’

Факом: Боро Мисердовски 4’ Бојан Симоновиќ 12’ 16’ 31’ Бобан Китановски 39’ Шенол Аџировски 40’

pekabesko fakom

Екипата на Факом во дуелот со Пекабеско иако влезе како аутсајдер уште на самиот почеток влезе мошне мотивирано со што успеа да го изненади Пекабеско и направи предност што му овозможи игра без притисок. Екипата на Пекабеско морше да го брка резултатот па со пресинг по целиот терен успеа да дојде до израмнет резултат од 3-3 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Факом остана со играч помалку па мораше да се потпре на резервниот голман. И кога се чинеше дека Пекабеско има се во свои раце Факом се покажа како цврста екипа и борејќи се се до самиот крај успеа да обезбеди реми. Кончен резултат 6-6.

Рамстор со колективна игра до победа над Гранит

Рамстор 8-3(3-0) Гранит

Рамстор: Михрем Мемед 2’ Ведат Арслан 19’ 32’ 34’ 35’ Зоран Алексовски 20’ 31’ Ибрахим Бекир 33’

Гранит: Стеван Митревски 22’ 25’ Дарко Стојановски 35’

ramstor granit1

Екипите на Рамстор и Гранит во брз и отворен фудбал го започнаа натпреварот. Екипата на Гранит во првото полувреме имаше проблем со реализацијата иако имаше одлично одработени напади не успеа да ги претвори во гол, кај Рамстор пак беше видлива колективната игра која им донесе доста отворени шутови кои на неколку наврати успеаа да ги реализираат и да дојдат до водство на полувремето од 3-0. На стартот од второто полувреме екипата на Гранит влезе во серија од три гола со што успеа да фати резултатски приклучок. Екипата на Рамстор собра сили, ги консолидира своите редови и целосно го одби нападот на Гранит. Со ваквата игра успеа да го задржи водството и зголеми за да на крајот слави со убедливи 8-3.

Арбен Нухиу нерешлива енигма за АдмиралАдмирал 4-10(1-4) УникаАдмирал: Александар Лазаревски 14’ Албрим Шакири 34’ Стојан Аврамоски 38’ Филип Добревски 40’Уника: Шабан Чупи 5’ Арбен Нухиу 6’ 17’ 22’ 31’ 36’ 39’ Ибиш Мисини 16’ Бенјамин Граинца 33’ Влатко Деспотовски 40’

ramstor granit2 unika admiralЕкипата на Уника во текот на целиот натпревар во дуелот со Адмирал демонстрираше апсолутна доминација. Уника во своите редови го имаше маестралниот Арбен Нухиу кој имаше своја вечер и беше нерешлива енигма за екипата на Адмирал. Поставеност во одбраната на Адмирал беше насочена кон Нухиу но и со ваквата поставеност Уника дојде до солидна предност која ја одржа се до самиот крај во кој славеше со високи 4-10.

Се вчитува...