Нови три интересни натпревари беа денеска на програмата во Бизнис-лигата, најубедливо славеше тимот на Рамстор…
ЕВН и Матрикс ги поделија бодовите
ЕВН 3-3(1-2) МатриксЕВН: Виктор Валканчев 4’ Наум Бадаловски 28’ 39’Матрикс: Петре Даиловски 4’ Ивица Алампиоски 19’ Антонио Богдановски 28’
Фуриозен втор дел на Рамстор за победа во дуелот со Фабрика Карпош
Фабрика Карпош 1-10 (0-2) Рамстор
Фабрика Карпош: Ѓорѓи Божиков 23’
Рамстор: Ведат Арслан 9’ 11’ 32’ 37’ 38’ Емир Сулоски 29’ Фурхан Муртезан 34’ Михрем Мемед 35’ 39’ Ибрахим Бекир 40’
Фабрика Карпош и Рамстор одиграа интересно прво полувреме, почетните минути и двете екипи ги одиграа доста претпазливо одмерувајќи ги силите на средината на теренот. Екипата на Рамстор прва ја превзема иницијативата и кон средината на полувремето почна со офанзива кон противничкиот гол, тоа им донесе и предност преку расположениот денес за надигрување Ведат Арслан кој во 9. и во 11. минута и донесе предност на својата екипа од 0-2 со кои се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош се обиде да го достигне водството на Рамстор со честа промена во тактиката и преку контранапади. Офанзивната игра скапо ја чинеше Фабрика Карпош која заборави на својата одбрана, а Рамстор успеа да ја искористи секоја пукнатина во истата за победа во овој дуел со високи 1-10.
Уника го скрши отпорот на Сава Осигурување
Уника 5-3(1-1) Сава Осигурување
Уника: Бесими Нухиу 10’ 35’ Васко Кокаланов 23’ Бенјамин Граинца 25’ Љуљзим Каштањева 35′
Сава Осигурување: Данило Поповски 15’ Андреј Костадиновски 36’ Мирче Маринкович 39’
Крајно изедначено прво полувреме одиграа екипите на Уника и Сава Осигурување, прва до водство дојде Уника во 10. минута преку одличниот гол на Бесими Нухиу, на тоа водство пет минути подоцна одговори екипата на Сава Осигурување и успеа да го израмни резултатот на 1-1. По израмнувањето на водството и двете екипи се фокусираа на одбраната и го смирија темпото на игра, играта главно се одвиваше на средината на теренот. Резултатот на полувремето беше 1-1. Во второто полувреме Уника ја превзеде иницијативата и уште на самиот почеток тргна поагресивно кон противничкиот гол таквата игра резултираше со водство од 3-1 уште во првите минути од второто полувреме. По ова водство на Уника, Сава Осигурување направи измена на тактиката и во игра внесе голман играч со цел да го израмни резултатот. Оваа измена ги остави ранливи во одбраната а екипата на Уника го искористи тоа за зголемување на своето водство и победа на овој натпревар со резултат од 5-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА