Бизнис-лига: Рамстор и Еуролинк до убедливи победи

Ефикасни беа денешните три натпревари во рамките од Бизнис-лигата…

Пекабеско преку контранапади до победа над НЛБ Банка

Пекабеско 7-2(4-1) НЛБ Банка

Пекабеско: Дејан Неделковски 1’ 10’ Маријан Величковски 9’ Слободан Игнатов 13’ 23’ Јовица Левајковски 37’ Бобан Вујиќ 37’

НЛБ Банка: Жарко Димитриевски 17’ Саше Стојчевски 40’

pekabesko

Екипата на Пекабеско уште на самиот старт наметна висок ритам пред се во делот на одбраната што му овозможи да развива брзи контранапади преку кои успеа резултатски да се одвои. Екипата на НЛБ Банка не можеше да најде противигра па го загуби првото полувреме со резултат од 4-1. Во второто полувреме екипата на НЛБ Банка прикажа нешто подобра игра со воведување на голман играч во своите редови но Пекабеско успеа да ја сочува предноста од првото полувреме и да го добие овој натпревар со 7-2.

Рамстор во второто полувреме ја осигура победата со Сава Осигурување

Рамстор 10-4(4-2) Сава Осигурување

Рамстор: Арјан Цами 4’ 6’ 24’ Михрем Мемед 5’ 34’ 36’ 40’ Ибрахим Бекир 19’ Зеко Ковачи 23’ Ведат Арслан 39’

Сава Осигурување: Данило Апостолоски 3’ 10’ 37’ Коста Глигуровски 39’

ramstor1

Сава Осигурување одлично го отвори овој натпревар со погодок уште во трета минута преку Апостоловски но екипата на Рамстор успеа да врати за неполнa минута преку Цами, со ваквата динамика се играше поголемиот дел од првото полувреме. Егал натпреварот го прекина Рамстор со одлична реализација во нападот благодарение н индивидуалните акции. Полувремето Рамстор го доби со водство од 4-2. Во второто полувреме екипата на Рамстор имаше целосна доминација на теренот и потполно го сврте резултатот во своја полза не дозволувајќи и на екипата на Сава Осигурување да фати резултатски приклучок па го доби овој натпревар со 10-4.

Еуролинк со висок ритам до победа над Факом

Еуролинк 11-6(6-3) Факом

Еуролинк: Филип Блажевски 3’ 32’ Ивица Стефковски 7’ 17’ 37’ 39’ Дарко Кадински 8’ 36’ Јовче Зузаровски 14’ Гоце Ставревски 19’ 38’

Факом: Бојан Јовановски 5’ Бобан Китановски 15’ 40’ Игор Бојчовски 20’ Шенол Аџировски 35’ 38’

eurolink2

Екипата на Еуролинк во првото полувреме играше брз и отворен фудбал со што успеа да наметне висок ритам кој Факом кој настапуваше со голман играч на овој натпревар не можеше да го прати. Во текот на целото прво полувреме иницијативата ја имаше екипата на Еуролинк, не давајќи му на Факом простор да се разигра па го доби полувремето со 6-3. Во второто полувреме дојде до израз и подолгата клупа на Еуролинк кој имаше константно играчи во ротација и успеваа да го одржат високото темпо на игра додека пак кај Факом беше воочлива кратката клупа и недостатокот на играчи во ротација па Еуролинк го доби овој натпревар со 11-6.

Се вчитува...