Бизнис-лига: Рамстор со два хет-трика до победа над Уни Банка

Три интересни натпревари се играа денеска во рамките од Бизнис-лигата.

Во меч со 15 гола, славеше Уника

Уника 10-5(5-2) Раде Кончар

Уника: Љуљзим Каштањева 5’ 37’ Ибиш Мисини 6’ Шабан Чупи 9’ 21’ 25’ Васко Кокаланов 10’ Арбен Нухиу 12’ Бенјамин Граинца 23’ Бесим Нухиу 23’Раде Кончар: Маријан Баждаров 11’ Стефан Ицковски 11’ Сашо Трпчевски 29’ 36’ Горан Наумоски 30’

rade koncar unika

Во првото полувреме од натпреварот помеѓу Уника и Раде Кончар видовме доста интересен и отворен фудбал, од минута во минута шанси на двете страни. Во таквиот отворен фудбал поснаодлива беше екипата на Уника која во 5та минута го отвори резлутатот. По ова водство екипата на Раде Кончар се обидуваше со сите сили да го изедначи резултатот, но во ова прво полувреме екипата на Уника беше разиграна и шутерски расположена па го доби полувремето со 5-2. Во второто полувреме иста слика, се редеа шанси од минута во минута интересни акции потези и прекрасни голови. И во ова второ полувреме екипата на Раде Кончар се обидуваше да ја стигне разликата но немаше решение за денеска расположената Уника, која го доби овој натпревар со резултат од 10-5.

Фуриозно второ полувреме на Рамстор

Уни Банка 1-6(1-1) Рамстор

Уни Банка: Васил Митровски 10’

Рамстор: Фурхан Муртезан 1’ 31’ 37’ Ведат Арслан 23’ 33’ 40’

ramstor1

Израмнето прво полувреме одигра Уни Банка и Рамстор. Екипата на Рамстор уште во првата минута го отвори резултатот преку Муртезан кој со шут од својата половина го изненади противничкиот голман, по ова водство екипата на Уни Банка тргна во офанзива и во 10 минута успеа да го изедначи резултатот. Играта во ова прво полувреме се одвиваше на средината на теренот без многу конкретни шанси за гол, се чекаше на грешка кај противникот. На полувремето се отиде со резултат од 1-1. Во второто полувреме Рамстор ја превзема иницијативата притисна во предно поле и успеа да го зголеми резултатот на 1-4, екипата на Уни Банка се обиде да возврати со голман-играч но со тоа остави дупки во одбраната кои Рамстор ги искористи за зголемување на водството и победа на овој дуел со резултат од 1-6.

Макпетрол со висок ритам на игра до победа над Гранит

Гранит 3-6(1-3) Макпетрол

Гранит: Пепи Мицев 5’ Сашо Каровски – Џуме 23’ 23’

Макпетрол: Александар Мишоски 2’ 3’ 35’ Мартин Дејаноски 16’ 28’ Христијан Мицевски 24’

granit makpetrol

Шестото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Гранит и Макпетрол. Во првото полувреме видовме интересен фудбал со многу шанси и на двете страни. Уште на самиот почеток екипата на Макпетрол наметна свој ритам на игра и во втората и третата минута од полувремето успеа да постигне два гола. Екипата на Гранит за брзо ги консолидира своите редови и минута подоцна успеа да го намали резултатот на 1-2. До крајот на полувремето екипата на Макпетрол успеа да постигне уште еден гол и на полувремето се отиде со резултат од 1-3. Во второто полувреме екипата на Гранит жестоко тргна кон противничкиот гол и на самиот почеток преку расположениот Каровски кој постигна два прекрасни гола и успеа да го изедначи резултатот на 3-3. Сепак екипата на Макпетрол со честа ротација на играта во финишот од полувремето успеа да направи разлика која беше недостижна за екипата на Гранит и го доби овој натпревар со 3-6.

Се вчитува...