Бизнис-лига: Сигурна победа на Македонски Телеком

Два интересни натпревари се одиграа денеска во рамките од Бизнис-лигата.

ЈСП и Лукоил ги поделија бодовите

ЈСП 3-3(0-1) Лукоил

ЈСП: Љупчо Павловиќ 26’ 28’ Далибор Калиновски 38’Лукоил: Владимир Секулоски 9’ 22’ Жарко Климкаров 24’

jsp lukoil

Во првото полувреме од дерби дуелот помеѓу ЈСП и Лукоил видовме доста динамичен фудбал, со многу борба и жар воглавно на средината на теренот. И двете екипи влегоа доста претпазливо во натпреварот одмерувајќи ги силите на противникот. Во 9та минута од натпреварот екипата на Лукоил организираше одлична акција во која реализатор беше Секуловски за водство од 0-1. До крајот на полувремето играта се одвиваше на средината на теренот без конкретни шанси на двете страни. Во второто полувреме на самиот почеток екипата на Лукоил преку контра-напад успеа да го зголеми водството на 0-2. По ова водство екипата на ЈСП во игра внесе голман-играч што резултираше со два постигнати гола и намалување на водството на 2-3. Во вториот дел од второто полувреме и двете екипи наметнаа жесток ритам на игра и натпреварот влезе во неизвесна завршница, белег остави враќањето на Калиновски во ЈСП кој со една асистенција и гол успеа да и донесе на својата екипа нерешен резултат од 3-3.

Еуро Табак доцна се разбуди во дуелот со Македонски Телеком

Еуро Табак 3-6(0-3) Македонски Телеком

Еуро Табак: Никола Зафировски 35’ Дејан Младеновски 37’ 38’Македонски Телеком: Стефан Наскоски 17’ Гоце Филипов 19’ Михајло Лазаревски 19’ Роберт Попоски 23’ 27’ Аг. Пацоли 22’

telekom eurotabak1

Одлично прво полувреме одиграа екипите на Еуро табак и Македонски Телеком исполнето со многу шанси за гол и на двете страни.Во ова прво полувреме голманите и на двете екипи беа на висина на задачата и со прекрасни интервенции скротија многу ‘зицери’ на напаѓачите. Двете екипи со честа ротација на играчи се обидуваа да го отворат резултатот, тоа и појде од рака на екипата на Телеком која во 18’ минута постигна гол преку Наскоски. Во финишот од полувремето екипата на Телеком влезе во својот препознатлив ритам и постигна уште два гола за резултат од 0-3 на полувремето. Во второто полувреме Телеком продолжи со високо темпо на игра и од минута во минута го зголемуваше своето водство, екипата на Еуро Табак преку контри се обидуваше да го намали резултатот. Во финишот од натпреварот екипата на Еуро Табак ги консолидира своите редови се разбуди на теренот и успеа да постигне три гола, но тоа не беше за доволно да се победи искусниот Телеком. Конечен резултат 3- 6.

Се вчитува...