Бизнис-лига: Трилер-дерби меѓу ЕЛЕМ и ЕВН

Од двата дуели кои беа вчера на програмата во Бизнис-лигата, далеку поинтересен беше оној меѓу екипите на ЕЛЕМ и ЕВН/

Божиков (Фабрика Карпош) нерешлива енигма за Окта

Фабрика Карпош 8-4(4-2) Окта

Фабрика Карпош: Александар Божиков 7’ 11’ 24’ 25’ 37’ 39’ Георги Божиков 8’Ненад Денчиќ 17’

Окта: Драганчо Ѓеорѓиевски 8’ Александар Јовчевски 9’ Драганче Стојановски 29’ Шеќо Личина 33’

fabrika karpos okta

Во првото полувреме од натпреварот помеѓу екипите на Фабрика Карпош и Окта и двете екипи водеа рамноправна борба играјќи цврста одбрана со добро тактички изработен напад. Екипата на Фабрика Карпош успеа да стекне резултатска предност благодарение на одличната реализација во втората половина од првото полувреме и на полувремето да отиде со предност од 4-2. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош имаше одличен старт во кој проработе нивниот главен играч Александар Божиков кој беше нерешлива енигма за екипата на Окта која не можеше да го сопре иако одбраната беше фокусирана на него. Екипата на Окта немаше своја вечер, губејќи го заслужено овој натпревар со 8-4.

Ничевски со звукот на сирената во електричното дерби со ЕВН му ја донесе победата на ЕЛЕМ

ЕЛЕМ 7-6 (4-3) ЕВН

ЕЛЕМ: Синиша Ковачевиќ 11’ Р. Стефановски 15’ 17’ Влатко Петровски 16’ Павле Маџовски 23’ Пеце Соклевски 39’ А. Ничевски 40’

ЕВН: Бојан Симоновски 9’ 11’ Бојан Маџовски 20’ Вилијам Митев 23’ Александар Димовски 26’ Илија Мандаров 34’

elem evn2

Во текот на целиот натпревар екипите на ЕЛЕМ и ЕВН вода израмнета борба играјќи гол за гол. Во првото полувреме екипата на ЕЛЕМ благодареније на одличната одбрана и добрата реализација успеа да стекне минимална предност која екипата на ЕВН и покрај одличната игра не можеше да ја надомести. Вистинско изненадување во екипата на ЕЛЕМ беше Ристо Стефановски, кој со одлична игра успеа да постигне два гола и им даде ветер во грб на своите соиграчи. Во второто полувреме екипата на ЕВН успеа да се врати во натпреварот и да дојде до водство кое ЕЛЕМ го анулира буквално во последната минута од натпреварот по што се влезе во егал завршница. Во ваквата завршница екипата на ЕЛЕМ го имаше во своите редови Антонио Ничевски кој со гол во последната секунда со звукот на сирената му донесе победа на ЕЛЕМ од 7-6.

Се вчитува...