Со овие две средби беше заокружено уште едно коло во Бизнис-лигата….
Аџибадем Систина убедлива во дуелот со Раде Кончар
Раде Кончар 2-8(0-4) Аџибадем Систина
Раде Кончар: Сашо Трпчевски 21’ Маријан Баждаровски 35’Аџибадем Систина: Никола Малјановски 13’ 14’ Игор Ѓорѓиевски 7’ Ивица Петровски 18’ Никола Трајковски 22’ Кристијан Димковски 26’ Далибор Дамјановски 39’ 39’
Халк Банка и Македонски Телеком одиграа реми
Халк Банка 1-1(0-1) Македонски Телеком
Халк Банка: Игор Стојановски 19’
Македонски Телеком: Агрон Пацоли 29’
Првото полувреме од натпреварот помеѓу Халк Банка и Македонски Телеком помина со смирено темпо на игра и со одмерување на силите на теренот. И двете екипи повеќе беа фокусирани на одбраната, па затоа првото полувреме беше скормно со голови. До крајот на полувремето и двете екипи имаа по неколку шанси за погодок и како се ближеше судискиот свиреж темпото на игра се забрзуваше за конечно во 19та минута екипата на Халк Банка да постигне гол и да замине со 1-0 на полувремето. Во второт полувреме двете екипи го подигнаа темпото на игра и започнаа поофанзивно да атакуваат кон противничкиот гол. Екипата на Македонски Телеком се обидуваше да ја анулира предноста на Халк Банка од првото полувреме и во 29та минута преку Пацоли успеа во тоа. Последните неколку минути од натпреварот се одиграа во жесток ритам и двете екипи со сите сили се обидуваа да ги однесат бодовите, но до крајот на натпреварот ниту една од екипите не успеа да го изненади противничкиот голман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА