Бизнис-лига: Уни Банка немоќна против Лукоил

Три интересни натпревари се одиграа вечерва во рамките од Бизнис-лигата.

Макпетрол преку контра-напади до победа над Рамстор

Рамстор 1-5(0-2) Макпетрол

Рамстор: Ибрахим Бекир 30’

Макпетрол: Христијан Мицевски 4’ Алекс. Мишоски 11’ Мишо Ѓоргиевски 30’ 33’ Мартин Дејаноски 33’

ramstor makpetrol

Првата фаза од полувремето помеѓу екипите на Рамстор и Макпетрол помина во многу висок ритам на игра, двете екипи уште на самиот почеток наметнаа напаѓачки фудбал. Во ова полувреме видовме многу воиграни акции и одлични потези. Екипата на Макпетрол во 4. минута успеа да го отвори резултатот за водство од 1-0, по ова водство екипата на Рамстор тргна во целосна офанзива по израмнување. Екипата на Рамстор не успеа да реализира неколку одлични шанси и екипата на Макпетрол успеа таа неефикасност да ја казни и да го зголеми резултатот на 2-0. Во второто полувреме уште на самиот старт екипата на Рамстор се пресели на противничката половина со една цел, да го изедначи резултатот, но голманот на екипата на Макпетрол прикажа одлична игра и успеа да го сочува својот гол. Екипата на Макпетрол до крајот на натпреварот преку контра напади успеа да ја казни таа отворена игра на Рамстор и да го добие овој натпревар со 1-5.

Македонски Телеком ги искористи грешките на Сава Осигурување

Сава Осигурување 3-6(1-2) Македонски Телеком

Сава Осигурување: Андреј Китановски 20’ 39’

Телеком: Стефан Наскоски 13’ 38’ Михајло Лазаревски 18’ 37’ Гоце Филипов 23’ Петре Велигденов 23’

sava telekom

Екипите на Сава Осигурување и Македонски Телеком го отворија натпреварот доста претпазливо, играта се одвиваше на средината на теренот и двете екипи ги одмеруваа своите сили. До средината на полувремето и двете екипи имаа по неколку полушанси но голманите беа на висина на задачата и имаа успешни интервенции. Во 13та минута екипата на Телеком успеа да искористи кикс на голманот на Сава Осигурување и да го отвори резултатот за водство од 0-1. До крајот на полувремето двете екипи постигнаа по еден погодок и на полувремето се замина со резултат од 1-2. Во второто полувреме екипата на Сава Осигурување уште на самиот почеток во своите редови внесе голман играч обидувајќи се да го израмни резултатот, тие не успеаа да ги искористат своите шанси. Екипата на Телеком во второто полувреме сите свои шанси успеа да ги претвори во погодоци па го доби овој натпревар со резултат од 3-6.

Лукоил не дозволи изненадување во дуелот со Уни Банка

Уни Банка 4-5(1-3) Лукоил

Уни Банка: Васил Митровски 5’ 40’ Иванчо Антовски 28’ Александар Јовановски 35’

Лукоил: Мартин Алаѓозовски 5’ 17’ 34’ Гоце Мојсоски 20’

uni banka lukoil1

Одлично прво полувреме одиграа екипите на Уни Бнака и Лукоил, двете екипи веднаш по судискиот свиреж започнаа со офанзивен фудбал. Уште на самиот почеток видовме одлични шанси за погодок, прва до водство дојде екипата на Уни Банка во 5. минута. Но радоста кратко траеше екипата на Лукоил уште во истата минута успеа да го израмни резултатот, по овие погодоци следуваше смирување на темпото и играта се одвиваше главно на средината на теренот. Во финишот од полувремето екипата Лукоил успеа да постигне уште два погодоци и на паузата да замине со поволен резултат од 1-3. Во второто полувреме двете екипи продолжија во висок ритам на игра уште од самиот почетокот се редеа шанси. Уни Банка во второто полувреме го подигна нивото на игра и успеа да реализира своите шанси и резултатски да се доближи до Лукоил и да го внесе резутатот во неизвесна завршница. Екипата на Лукоил искуно го приврши овој натпревар и не дозволи Уни Банка да направи изненадување. Натпреварот заврши со резултат од 4-5.

Се вчитува...