Бизнис-лига: Уника броеше до десет против Оне.Вип

Три интересни натпревари беа на програмата денеска во Бизнис-лигата, при што најефикасни беа играчите на Уника. Фабрика Карпош со добро прво полувреме го реши ГранитФабрика Карпош 7-2 (4-1) ГранитФабрика Карпош: Александар Божиков 7’ 8’ 16’ 34’ Георги Божиков 9’ 38’ Саше Мирчевски 28’Гранит: Стеван Митревски 19’ Дарко Стојановски 23’fabrika karpos granit

Градежното дерби помеѓу Фабрика Карпош и Гранит започна во високо темпо кое и на двете страни овозможи да се игра чист и отворен фудбал. Екипата на Фабрика Карпош стекна предност на самиот старт, иако не го искористи играчот плус кој го имаше по грубиот старт на Гранит во раната фаза од натпреварот. Одличната реализација на Фабрика Карпош му овозможи на полувремето да замине со предност од 4-1. Во второто полувреме екипата на Гранит имаше обид да се врати во натпреварот но Фабрика Карпош благодарение на одличниот чувар на мрежата Саше Мирчевски кој успеа и да постигне гол го одби налетот и успеа да извојува победа од 7-2. Лукоил ја доби битката со СистинаСистина 6-7(3-4) ЛукоилСистина: Ѓорѓи Иванов 4’ 20’ 26’ Горан Манов 9’ Кристијан Дамковски 22’ Далибор Дамјановиќ 32’Лукоил: Мартин Алаѓозовски 5’ 33’ 36’ Станој Коцев 12’ 15’ Дејан Зиков 17’ 23’lukoil sistina

Во исклучително квалитетен фудбал екипите на Систина и Лукоил го започнаа овој дерби натпревар. Во текот на целото прво полувреме се играше динамичен фудбал во кој и двете екипи играа гол за гол но мора да напоменеме во духот на ферплеј играта. Екипата на Лукоил успеа првото полувреме да го добие со само еден гол разлика од 3-4. Во второто полувреме екипата на Систина не само што успеа да изедначи туку со одлична игра дојде и до водство во самиот финиш, но во тие клучни моменти Лукоил се покажа како поконцентрирана екипа и со стабилна и сигурна игра успеа да извојува минимална победа од 6-7. Каштањева со шест гола ја водеше Уника до победа над Оне.ВипОне.Вип 1-10(0-4) УникаОне.Вип: Ненад Богдановиќ 23’Уника: Шабан Чупи 3’ 20’ Љуљзим Каштањева 14’ 17’ 24’ 25’ 38’ 39’ Влатко Деспотовски 33’ Бенјамин Граинца 40’unika onevip1

Екипата на Уника уште на самиот старт во дуелот со Оне.Вип постави офанзивна игра со целосен акцент на нападот во кој предводеше Каштањева кој имаше своја вечер и со беспрекорна реализација успеа да ја доведе Уника во комфортна зона. Екипата на Оне.Вип не се снајде најдобро во ваквата поставеност на Уника па на полувремето отиде со негатива од 4 гола, 0-4. Во второто полувреме екипата на Уника продолжи во ист ритам со идентичен стил во кој од минута во минута го зголемуваше своето водство за да на крајот слави со високи 1-10.

Се вчитува...