Бизнис-лига: Вип го реши Мепсо

Нови три натпревари кои донесоа неизвесен фудбал во рамките од Бизнис-лигата…

Во неизвесна завршница ЈСП до победа над Фабрика Карпош – ГИМ

ЈСП 6-5(4-2) Фабрика Карпош – ГИМ

ЈСП:Љупчо Павловски 6′ Даниел Антовски 9′ 13′ 31′ Сабит Хусеини 15′ Дејан Блажевски 38′
Фабрика Карпош: Ѓорѓи Божиков 4′ 25′ Александар Божиков 16′ Кристијан Панев 34′ Бејан Моукоч 40′

Интересно прво полувреме одиграа екипите на ЈСП и Фабрика Карпош – ГИМ, прва во водство дојде екипата на Фабрика Карпош уште во 4. минута. ЈСП брзо одговори на ова водство во 6та минута и успеа да го израмни резултатот. По ова израмнување екипата на ЈСП доби дополнителен мотив, успеа да направи целосен пресврт, а во 14. минута успеа да стекне солидна предност од 4-1. Во 16.минута екипата на ЈСП направи грешка во одбраната по што беше досуден пенал кој Божиков го реализира за резултат од 4-2, со кој се замина на одмор. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош започна со поагресивна игра и вршеше постојан притисок кон противничкиот гол, тоа вроди со плод кон средината на полувремето кога успеаа резултатски да се вратат во игра и да го внесат овој натпревар во неизвесна завршница. Сепак, екипата на ЈСП одлично ја имаше поставено својата одбрана и успеа да ја казни напаѓачката игра на Фабрика Карпош и да го добие овој натпревар со 6-5.

Сава Осигурување го издржа притисокот во второто полувреме

Сава Осигурување 6-4(4-0) LC Waikiki

Сава Осигурување: Андреј Китановски 2′ 4′ Ивица Минов 18′ Коста Глигуровски 20′ Кристијан Лешков 30′ Данило Поповски 32′ 
LC Waikiki: Армин Дрпљанин 33′ Алојз Перхај 29′ Енес Ариф 29′ 33′

Сава Осигурување одлично го започна дуелот против LC Waikiki, со рано водство во 2. минута воспостави целосна контрола на теренот. Екипата на LC Waikiki со чести измени во играчкиот кадар се обидуваше да дојде до израмнување, но екипата на Сава Осигурување со одлична игра во одбраната не дозволи да прими погодок, а како одминуваше времето преку контра напади успеваа да го зголемуваат водството за 4-0 на полувремето. Во вториот дел LC Waikiki фрли се на една карта – нападот со цел да го намали високото водство од полувремето, тоа им успеа во 29та минута во која постигнаа два погодоци со што фатија резултатски приклучок и ги направија последните минути поинтересни. Екипата на Сава Осигурување не му дозволи на противникот да им направи поголем проблем, па го добија овој натпревар со конечни 6-4.

 

Вип со сигурна игра до победа над Мепсо

Вип 3-1(1-0) Мепсо

Вип: Никола Спасевски 7′ Иле Никодиновски 22′ Мартин Ангеловски 24′ 
Мепсо: 24′

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Вип и Мепсо, двете екипи уште на самиот старт започнаа со отворена игра со што се створија многу прилики за гол. Екипата на Вип во 7. минута преку Спасевски успеа да го отвори резултатот за водство од 1-0. По овој погодок екипата на Вип го успори темпото на игра и ги затвори приодите кон својот гол. Мепсо со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување особено со удари од далечина но Вип успеа да одолее на овој притисок и да го добие првото полувреме со 1-0. Во второто полувреме се продолжи со високо темпо на игра, Вип на стартот постигна погодок за водство од 2-0, но екипата на Мепсо направи неколку измени во играчкиот кадар и во 24та минута постигна погодок за резултатски приклучок во натпреварот. Вип веднаш одоговори и го зголеми водството на 3-1 резултат кој успеа да го сочува до крајот на натпреварот.

Се вчитува...