Бјарнасон против Македонија ќе го игра 105-от репрезентативен меч: Многу сме поквалитетни од тоа што покажува табелата!

Биркир Бјарнасон е нов рекордер во репрезентацијата на Исланд, кој утре против Македонија ќе го игра 105-от свој натпревар во репрезентативниот дрес.

Во очекување на утрешниот дуел Бјарнасон вели дека тука се за да покажат дека имаат квалитетен тим, желни за докажување и покрај тоа што од резултатски аспект за нив овој меч ништо не значи.

„Мотивирани сме навистина и повеќе од потребното, затоа што играме квалификациски меч за нашата земја. И не треба друг посебен мотив. Не сме задоволни секако како ги одигравме овие квалификации, па токму затоа сега во Скопје сите сакаме да покажеме дека имаме квалитетен тим и можеме да се надигруваме со секој противник. А Македонија, која играше на последното европско првенство, е секако огромен мотив за нас.  Наша цел за овие квалификациите беше второто место во групата, но не успеавме во тоа“ – рече Бјарнасон.

Се вчитува...