Бјелица е големо промашување на Унион Берлин, разделбата е незибежна

Ненад Бјелица беше доведен на крајот на месец декември на чело на Унион Берлин како тренер кој треба да најде излез од кризата и да го врати учесникот во Лигата на Шампионите на победнички патеки. Не само што тоа не се случува, туку Унион под водство на хрватскиот стратег игра катастрофално, па по серијата слаби игри падна во опасната зона и му претстои борба за опстанок во финишот од езонава.

Унион Берлин е без победа во последните пет рунди од Бундес-лигата, со што падна на 14. место на табелата со само 30 бода, само два повеќе во однос на Мајнц на 16. позиција, која значи играње на бараж за опстанок.

Весникот „Кикер“ во денешната статија за овој германски клуб јасно укажува зошто ХРватот важи за огромно промашување на управата, откако поранешниот тренер на Динамо Загреб и Трабзонспор се посрамоти во својата прва работа во Топ 5 лигите во Европа.

Одлуката за разделба од Бјелица е веќе донесена и нема дилема дека Унион Берлин ќе има нов тренер за наредната сезона. Сепак, во клубот има мислење дека до тренерска смена треба да дојде и порано. Хрватот ја преживеал понеделничката средба на управата и добил шанса да го води клубот на дуелот со Бохум на 5 мај. Сепак, ако тимот од Берлин не стигне до цел плен на овој меч, лесно може да се случи Бјелица веќе наредниот ден да добие отказ.

„Претседателството расправаше за иднината на тренерот и донесе одлука Бјелица да остане на чело во борбата за опстанок. Одлуката се однесува само за мечот со Бохум, а се уште не се исклучува можноста за разделба во текот на сезонава“, пишува „Кикер“.

Се вчитува...