Благ пад на Ивановски и скок од едно место на Ѓорческа на новите АТП и ВТА ранкинг

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски забележа пад од две места на новиот АТП ранкинг. Младиот тенисер кој претходната недела го завзема засега највисокото 306. место, на новата листа се најде на 308. место.

А, нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа по одличниот настап во Хрватска каде се најде во големото финале забележа скок од едно место на ранкинг листата и сега го завзема 247. место.

На врвот на листата кај најдобрите тенисери и тенисерки нема промена. Алкараз и Ѓоковиќ и понатаму се топ два тенисери, а Својнтек и Сабаленка ги предводат тенисерките.

Се вчитува...