„Благодарам Господине“ – Роналдо до Алегри

Кристијано Роналдо се збогуваше со Масимилијано Алегри. Преку социјалните мрежи, Португалецот испрати порака до тренерот со кој работеше една сезона. Јувентус вчера објави дека ја завршува петгодишната соработка со Алегри.

„Благодарам Господине. Работевме само една година заедно, но беше неверојатна затоа што ти не си само голем тренер туку си и голем човек. Беше задоволство да се работи со тебе“ – му напиша Роналдо на Алегри.

Се вчитува...