Горан Пандев денеска и официјално се збогуваше од Џенова, откако го напушти овој клуб и потпиша договор со второлигашот Парма.
Џенова на социјалните мрежи објави фотографија со прославата на Пандев по погодокот за победа над Јувентус, со порака „Благодариме, Горан“.
Воедно, повторно е актуелно видеото со речиси сите голови на Пандев (со исклучок на оној последниот, против Аталанта во мај 2021) во дресот на Џенова, како потсетник на мајсториите на македонскиот фудбалски великан во дресот на овој клуб.
Меѓу нив, за одбележување е фантастичниот лоб на дуелот со Верона, како и ударот од околу 40 метри на мечот со Лече…
❤️💙 Grazie, Goran. pic.twitter.com/LbNno3n0by
— Genoa CFC (@GenoaCFC) January 31, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА