Раководството на Вардар преку јавно соопштение му искажа благодарност на Гоце Седлоски, стратег што ги предводеше „црвено-црните“ кон нова титула, но веднаш си заминува за целосно да се посвети на работата како селектор на А-репрезентацијата.
„ФК Вардар сака на овој начин да изрази голема почит и благодарност кон шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски.
Тој заминува да ја води “А” репрезентацијата, но вратите во клубот за него секогаш остануваат отворени.
Под негово водство, ФК Вардар ја заврши сезоната на најдобар можен начин — со освоена шампионска титула во Прва македонска фудбалска лига, како круна на напорната работа, дисциплината и тимскиот дух што ги изгради во тимот.
Седлоски внесе стабилност, победнички менталитет и силен карактер во екипата, оставајќи значаен белег во развојот на играчите и резултатите на клубот.
ФК Вардар му се заблагодарува за посветеноста, професионализмот и сите заеднички моменти, и му посакува многу успех во новата улога на чело на македонската А репрезентација.
Среќно, тренеру — Вардар секогаш ќе ти биде дом.
#ФКВардар #МногуСиМоќен“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
