Благојевиќ веќе не е тренер на Партизан

Српскиот фудбалски великан, Партизан се раздели со тренерот Срѓан Благојевиќ. Причина за оваа одлука беше убедливиот пораз на Партизан на гостувањето кај Чукарички со 4-1. Челниците на „црно-белите“ решија да му се заблагодарат на Благојевиќ преку соопштение за медиумите.

„На предлог на потпретседателот за спортски прашања, г-дин Предраг Мијатовиќ, Управниот одбор на фудбалскиот клуб Партизан донесе одлука за замена на тренерот на првиот тим, г-дин Срѓан Благојевиќ. Во следните два натпревари, до репрезентативната пауза, тимот ќе го водат помошниците тренери Марко Јовановиќ и Ѓорѓије Ќетковиќ, а јавноста ќе биде информирана за понатамошните одлуки за време на репрезентативната пауза. Фудбалскиот клуб Партизан му се заблагодарува на г-дин Благојевиќ за неговата досегашна работа и му посакува многу успех во остатокот од кариерата“, велат од Партизан.

По 13. кола во првенството на Србија Партизан има 10 победи, едно реми и два порази и е на второто место на табелата, веднаш зад својот најголем ривал, Црвена ѕвезда.

Се вчитува...