Бламажа на Лион во Рен

Екипата на Лион неочекувано е високо и убедливо поразена на гостувањето во Рен против истоимената екипа со 4:1. Рен упати дури 12 удари во рамките на голот на противникот, и сосема заслужено славеше убедлив триумф. Одбраната на гостите овој пат не беше на нивото.

Лаборд во 45. минута донесе предност за Рен, а потоа следуваше гол на Траоре во 51. минута. Труфер со два гола ја запечати судбината на гостите од Лион кои успеаја да намалат само со гол на Пакета во 90. минута од пенал.

И двата тима пред ова коло имаа ист број на бодови, и затоа оваа убедлива победа е изненадување, ако се има во предви дека се очекуваше понеизвесен и потврд дуел. Сега Рен има три бода повеќе, додека Лион е на седмото место и ова за нив беше четврти пораз од 13 меча.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...