Бламажа за 25 минути на Палермо, Милан шокиран од Емполи

Палермо го допре дното оваа сезона откако серијата очајни настапи на тимот на нашите Несторовски и Трајковски одигра катастрофално прво полувреме на гостувањето против Лацио. Римскиот клуб по неполни триесет минути игра веќе имаше предност од 5-0, по што „се смилува“ над еден од најслабите тимови во Италија, па мечот на крајот заврши 6-2, со двата гола на Рисполи во второто полувреме, и шестиот гол за римскиот клуб што беше дело на Креко во судиското продолжение.

Несторовски ги одигра сите 90 минути, Трајковски влезе во игра во второто полувреме, но агонијата на Палермо продолжува откако веќе извесно време е јасно дека овој тим ќе се пресели во Серија Б.

Непријатно изненадени беа и фудбалерите на Милан, кои загубија на домашен терен од Емполи со 1-2, за значаен чекор назад во трката за излез во Европа. „Росонерите“ промашија неколку шанси на стартот, по што казната стигна со голот на Мхедлидзе. Милан имаше стопроцентна можност за израмнување, но Сусо промаши пенал, по што Емполи повторно казни, овојпат преку Тијам за водство од 0-2. И покрај иницијативата, домаќините до крајот успеаја само да го ублажат поразот преку Лападула, не успевајќи да го искористат вчерашниот пораз на Интер за да му побегнат на градскиот ривал на табелата.

Кротоне за разлика од Палермо не се предава во битката за опстанок, па денеска славеше на гостувањето против Сампдорија, додека Торино дојде до цел плен на мечот во Верона против Киево (1-3).

Резултати Италија: 

Сасуоло – Наполи 2-2, Милан – Емполи 1-2, Киево – Торино 1-3, Лацио – Палермо 6-2, Сампдорија – Кротоне 1-2, Удинезе – Калјари 2-1.

All Goals & Highlights HD – AC Milan 1-2 Empoli… by arcturusmedia33All Goals & highlights HD 6-2 Lazio VS… by lifefootball

Се вчитува...