Блатер и Платини ослободени од обвиненијата за корупција

Поранешните претседатели на ФИФА и УЕФА, Сеп Блатер и Мишел Платини не се виновни за корупција, заклучок е на швајцарскиот суд. Сеп Блатер кој беше на чело на ФИФА 17 години е ослобден од обвиненијата за измама и корупција во Сојузниот суд за криминал во Белинцона во Швајцарија.

Истиот суд истиот заклучок го донесе и во случајот на Мишел Платини, поранешниот прв човек на УЕФА и легендарен француски фудбалер. Истрагата против овие двајца функционери траеше седум години, а швајцарските истражители не најдоа доволно докази за Блатер и Платини да бидат осудени за преневера на два милиони швајцарски франци како и за подмитување во 2011 година.

Блатер и Платини ги негираа обвиненијата и се бранеа со зборовите дека парите биле за советување на ФИФА од страна на Платини.

Се вчитува...