Блатер призна дека СП во Катар е грешка, а за виновен го обвини Николас Саркози!

Екс-претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер првпат јавно призна дека е направена голема грешка со доделувањето на организацијата на Светското првенство во Катар, кое идната година ќе се одржи во оваа арапска земја, една од најбогатите според бруто-домашниот производ по глава на жител.

Блатер, кој падна од тронот во 2015 година после големата корупциска афера со проневера на стотици милиони евра на високи чиновници во светската организација, потоа беше суспендиран од фудбалот, а сега се соочува со обвинение со кое му се заканува затвор за двата милиони швајцарски франци кои како нелојална исплата му ги дал на Мишел Платни за консултантски услуги. Спроед Блатер, бившиот француски претседател Николас Саркози е главен виновник што Катар ја добил организацијата на СП 2022.

„Ние имавме генерално договор, за кој се плашев да не пропадне во последен момент, дека следните две Светски првенства треба да се одржат во Русија и во Соединетите Американски Држави. Но, потоа следеше ‘интервенција’ од Саркози кој Платини, кој само рече: ‘работите се променија’! Јас не можам да отфрлам дека проциркурлирале пари, ама не знам кај кои луѓе. Многу е веројатно дека пари влегле во игра и завршиле во нечии џебови. Без интервенцијата на Саркози кон Платини, Катар никогаш немаше да добие организација на Светско првенство. Првпат во историјата се случи политичка интервенција да има улога во голема фудбалска одлука“, вели Блатер.

Екс-првиот човек на светскиот фудбал потенцира дека голема грешка е доделувањето на СП на Катар, кој од вчера почна да ги одбројува последните 365 дена до почетокот на најголемиот фудбалски турнир, за чиј настап во март ќе се бори и Македонија преку европските баражи.

„Гледано од климатски, па и социјален аспект – голема грешка беше да му се даде СП на Катар“, рече Блатер

Се вчитува...