Блатер со жестоки критики кон Инфантино поради СП со 48 репрезентации

Она што се случува во моментов е претерана комерцијализација на фудбалот, изјави поранешниот претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер, кој ја критикуваше организацијата на Светското првенство со 48 репрезентации.

Блатер во интервју за германскиот неделник „Цајт“ ги критикуваше плановите на актуелниот прв човек на ФИФА, Џани Инфантино за промена на форматот на следното Светско првенство и Светското клупско првенство.

„Има обиди да се исцеди се повеќе од лимонот, на пример Светското првенство со 48 екипи или сега Светското клупско првенство, кое мора да се гледа како директна конкуренција на Лигата на шампионите. ФИФА тука се меша во нешто што навистина не ја засега, а тоа е клупскиот фудбал“,изјави Блатер.

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, а на него за првпат ќе учествуваат 48 репрезентации. Блатер се повлече од функцијата во јуни 2015 година поради корупциски скандали во ФИФА.

Се вчитува...