Блажевска: Одамна требаше да направиме рез… Силен Металург е клучен за ракометот во Македонија

Ракометниот клуб Металург и дефинитивно ги живее најтешките денови во последните 15 тина години. Во шест натпревари во Суперлигата забележа само една победа, а по браќата Кевин и Оливие Њокас кои преминаа во Вардар, денеска од Автокоманда си замина и третиот Французин, Абудал Мане.

Пртседателката на клубот, Зорица Блажевска вели дека рез клубот морал да направи одамна, но силен Металург е клучен за ракометот во Македонија.

„Ништо не е случајно, ни без план. Одамна требаше да се направи рез, колку и да е болен. Да се расчистат долгови без да се ствараат нови. Можеби се ќе беше веќе средено да не се случеше Ковид кризата која значајно ги намали нашите приходи. 8 – 9 годишни долгови се појавуваат секојдневно, но и нови Договори кои нема да дозволат да се стави клуч на врата. Јас имам разбирање за играчи и доверители кои немаат можност да се снајдат во оваа ситуација која настана во јули, после формирање на ростер, но и замолувам за трпение. Докажав како претседател дека намерата ми е комплетно раздолжување, можеби оди бавно, но нема да застанеме. Не знам зошто е тешко да се сфати, ниту зошто се посочува како срамна ситуација, едноставно е, секој има лоши и добри периоди. Ние имаме долгорочни планови и никој нема да биде изоставен. Секој чекор е добро промислен, секој партнер за новата 2022 е внимателно избран. Ќе има и промени во тимот, но не само негативни. Добро е да се прифати дека овој Металург не е истиот од 2012/13 и политиката не е иста. Плукањето по медиуми и навивањето да згасне Клубот нема да помогне никому. Силен Металург е клучен за ракометот во Македонија, враќањето на таков Металург е наша цел, дури и ако треба да се почне од нула. Секое лошо за добро е и овие промени, колку и да се турбулентни, ќе се уверите дека водат кон подобра иднина“, изјави Блажевска. 

Се вчитува...