Блажевски го менува Баже Илијоски во Шкупи!?

Поранешниот вардаров фудбалер Дејан Блажевски во зимскиот преоден рок би можел да биде едно од засилувањата за нападот на чаирскиот прволигаш Шкупи.

Блажевски ја прекина соработката со албанскиот прволигаш Тирана, и покрај договорот до јуни оваа година, па сега е пред реална можност за реализација на трансферот кој се најавуваше уште во летниот преоден рок.

Крилниот офанзивец преговараше за трансфер во Шкупи уште во јули минатата година, но сепак се одлучи да ја прифати понудата од Тирана. Сега повторно стартуваат преговорите со тимот од Чаир и можноста да биде замената за Баже Илијоски кој си замина од клубот и потпиша со Работнички.

Интерес за услугите на Дејан Блажевски постои и од Работнички. Стратегот на „романтичарите“, Жикица Тасевски го посакува во редовите на својот тим како дополнително засилување за нападот.

Се вчитува...