Блажевски потпиша за Тирана

Досегашниот напаѓач на Вардар, Дејан Блажевски, потпиша за албанскиот прволигаш Тирана. Тој во наредната сезона ќе се пресели кај нашиот западен сосед, а со Тирана се договори за соработка на една плус една година.

32-годишниот Блажевски од 2015 година го носеше дресот на Вардар, а претходно во кариерата беше дел и од Пелистер, Агротикос Астерас, Вериа, Катерини, Турново и Хазар Ланкаран. Тој има четири настапи за македонската фудбалска репрезентација.

Се вчитува...