Блажевски продолжува во албанскиот суперлигаш Тирана

Довчерашниот фудбалер на Вардар, Дејан Блажевски својата кариера ќе ја продолжи во новиот албански суперлигаш Тирана.

Крилниот офанзивец претходно беше пред трансфер во Шкупи, но се одлучи и дефинитивно да ја прифати понудата од ФК Тирана која изминатава сезона се избори за влез во елитното друштво во Албанија.

Тренер на Тирана е поранешниот бразилски репрезентативец Зе Марија, кој во тренерската кариера претходно го водеше и романскиот Чеалул.

Наредниве денови се очекува и официјалната промоција на 32-годишниот Блажевски во редовите на Тирана.

Се вчитува...