Бледата Барселона само до бод на гостувањето кај Севилја (ВИДЕО)

Барселона одигра под своите очекувања на гостувањето кај Севилја во натпревар без голови во 30. коло од Ла лига. Во натпревар со малку убавина и многу тензија на крајот домаќините треба да бидат задоволни од двата бода кои успеаја да и ги откинат на Барселона во борбата за титулата со Реал Мадрид.

Првото полувреме не донесе некои поголеми возбудувања. Меси имаше удар од слободен удар кој успеа со глава да го спречи Жил Кунде. Во финишот на првото полувреме Лионел Меси влезе во конфликт со фудбалерот на домашните Диего Карлос, по кој ниту еден од двајцата фудбалери не беше санкциониран.

Во второто полувреме Барселона беше повторно бледа, а Севилја преку контри во неколку наврати можеше да дојде до три бода. Барселона на табелата има три бода повеќе од Реал Мадрид, но и меч повеќе против големиот рива. Севилја останува трета со 52 бода.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...