Бледиот Јувентус само до бод на гостувањето во Фиренца

Актуелниот италијански шампион Јувентус освои само бод на тешкото гостување кај Фиорентина, играјќи без голови 0-0.

Иако поседот на топката беше на страна на Јувентус, домаќините беа подобар противник во првиот дел. Федерико Киеза во 16. минута и Енрике Далберт во 41. беа блиску да донесат водство за виолетовите. За издвојување од првиот дел се и повредите на Даглас Коста и Миралем Пјаниќ кои мораа да го напуштат теренот.

Вториот дел не донесе поголеми изненадувања, а Маурицио Сари мораше да направи и трета принудна замена, откако поради повреда мечот го заврши и Данило.

Сериозен проблем за Сари ќе бидат повредите пресрет на првата средба од ЛШ, на гостински терен против Атлетико Мадрид. Во таборот на Јуве ќе се надеваат дека повредените ќе успеат да се вратат до големото дерби со Интер, закажано за 6 октомври.

Се вчитува...