Блејк Грифин ги напушта ЛА клиперс

Управата на Лос Анџелес клиперс ќе треба да прави мини-ремонт во ростерот откако еден од лидерите на овој тим, Блејк Грифин, реши да си замине од таборот на клиперси.

Грифин во договорот со своојт тим има клаузула што му овозможува летово да стане слободен играч и да се пресели во друга екипа. Откако клиперси имаа уште една разочарувачка сезона во која не успеаја посериозно да атакуваа на тронот на НБА, Грифин реши среќата да си ја побара во нова средина. Новиот клуб ќе треба да му гарантира 29,7 милиони долари за следната сезона, воедно по можност да му понуди и долгорочен договор, кој за максимални пет години би можел да изнесува огромни 172 милиони долари.

Најзаинтересирани за услугите на Грифин во моментов се Мајами хит, Хјустон рокетс и Бостон селтикс.

Блејк Грифин беше избран од страна на ЛА клиперс како прв пик на драфтот во 2009 година. Тој одигра седум сезони за оваа екипа, во просек реализирајќи по 21,5 поени, 9,4 скокови и 4 асистенции по натпревар.

Се вчитува...