Блерим Џемаили се спасувал од разбеснети навивачи на Болоња

 

Италијанската Болоња четири едноподруго натпревари не знае за победа во Серија А. Па, очигледна е нервозата меѓу навивачите на калчолигашот.

Група од разбеснети навивачи вчера го нападнала 31-годишниот швајцарски репрезентативец Блерим Џемаили, роден во Тетово, во моментите додека го напуштал тренингот на тимот.

Џемаили одлучил кратко да застане кај дел од фанови кои посакале негов автограм, но сето тоа го следела група од агресивни ултраси на Болоња кои вербално се нафрлиле кон фудбалерот. Откако тој се одлучил да врати на навредите, групата се впуштила во физичка пресметка со Џемаили кој во последен момент сокривајќи се во својот автомобил успеал да избега.

Џемаили е под договор со Болоња од летото 2016 година која плати повеќе од милион евра за негов трансфер од Галатасарај. Но, потоа беше на позајмица во МЛС лигата во Монтреал импакт.

Се вчитува...