Блескава партија на Кузмановски – Кувајт Клуб во полуфиналето на Азискиот шампионат

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски одигра уште еден брилијантен натпревар за Кувајт Клуб, но неговиот тим претрпе минимален пораз од Шарџа (30-29) во последното коло од групната фаза на Азискиот шампионат. И покрај неуспехот во драматичната завршница, кувајтскиот тим обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот.

Кузмановски ја предводеше својата екипа и натпреварот го заврши како еден од најдобрите поединци со осум постигнати голови.

Кувајт Клуб веќе утре во полуфиналната битка ќе се соочи со тимот на Ал-Калиџ од Саудиска Арабија, каде настапува поранешниот ракометар на Вардар, Дмитро Хориха. Финалниот меч е закажан за 16. овој месец, а шампионот ќе обезбеди директен пласман на Светското клупско првенство (ИХФ Суперглоуб).

Се вчитува...