Блесна Азар – триумфира Челси

Челси оствари триумф (1-2) на гости кај Вотфорд и се искачи на четвртата позиција на табелата во Премиер – лигата со 40 бода, четири помалку од третопласираниот Манчестер сити.

Белгискиот интернационалец Еден Азар беше творец на триумфот на „сините“ од Лондон, постигнувајќи ги двата гола за тимот на Маурицио Сари. Тој погоди во 45.минута, но пред одморот возврати и Вотфорд преку Роберто Переира. Сепак, во 58.минута, Азар од белата точка донесе три бода за Челси.

Се вчитува...