Блесна во Џирона, сега е пред трансфер во Манчестер Сити (ВИДЕО)

Фудбалерите на Џирона со фантастичните игри во шпанското првенство го привлекоа интересот и на најголемите европски тимови. Престојното лето се очекува дел од нив да реализираат трансфери, а голема е веројатноста дека прв кој ќе замине ќе биде Савио кој се најде на радарот на Пеп Гвардиола.

Деветнаесетгодишниот Бразилец кој е во Џирона на позајмица од Троја има одлична сезона во која забележа пет голови и седум асистенции па се е подготвено за премин во Манчестер Сити каде ќе конкурира за место во првиот тим.

Трансфермаркт го проценува овој фудбалер на 30 милиони евра, а голема е веројатноста дека истиот ќе се реализира со оглед на тоа што Троја, Џирона и Манчестер Сити се под сопственост на Сити груп корпорацијата.

Се вчитува...