Блесок на Аврамовски: Два гола во новата победа на Сиваспор (видео)

Даниел Аврамовски беше најдобар поединец на дуелот меѓу Сиваспор и Аданаспор што домашниот тим го доби со 5-0, а македонскиот напаѓач успеа да постигне два погодоци.

Аврамовски најпрвин стрелаше прецизно за 1-0 во 29. минута, на почетокот од второто полувреме го постигна и вториот гол за Сиваспор, но за жал поради повреда неколку минути подоца мораше да го напушти теренот наместо да брка хет-трик на овој натпревар.

Вториот гол на Аврамовски беше постигнат на асистенција на уште еден наш репрезентативец Валон Етеми.

Се вчитува...