Блесок на Португалија, „шестка“ против Швајцарија на патот кон 1/4 финалето (ВИДЕО)

Последното 1/8 финале беше најефикасно на Мундијалот во Катар. Португалија со убедливи 6-1 ја совлада Швајцарија и си закажа меч со Мароко во 1/4 финалето. Херој на Португалците беше Рамош, замената за Роналдо на овој натпревар. Рамош успеа да го даде првиот „хет-трик“ на ова Светско првенство. Швајцарците немаа сила за нешто повеќе, постигнаа само еден гол и одиграа далеку под својот просек. Го завршуваат овој Мундијал меѓу најдобрите 16.

Рамош во 17. минута донесе водство по додавање на Феликс. Во 33. минута Пепе погоди по изведен корнер за водство од 2-0.

Во ист стил продолжија Португалците, па во 51. минута Рамош донесе и 3-0, а брзо потоа Гереро погоди за 4-0. 

Аканџи намали за Швајцарија и даде каква таква надеж да се избегне убедлив пораз, меѓутоа Рамош го комплетираше својот хет-трик во 67. минута за 5-1. Но, тоа не беше се. Рафаел Леао во судиското надополнување успеа со прекрасен гол и по шести пат да го најде патот до мрежата на Зомер за конечни 6-1.

 

Се вчитува...