Работнички се соочува со сериозен проблем, откако трансферот на Ксавиер Џонсон не беше комплетиран навреме, па американскиот крилен кошаркар нема да може да настапува за македонскиот првак до крајот на сезонава. Регистрациската Комисија при МКФ денеска даде „црвено светло“ за овој трансфер поради некомплетна документација, а со оглед на фактот дека преодниот рок е веќе завршен, Работнички ќе остане без значаен адут во клучниот дел од сезоната.
Џонсон беше најавуван како клучно засилување на тимот на Марин Докузовски во обидот да биде одбранета шампионската титула, Работнички на својот инстаграм-профил официјално му посака добредојде на овој кошаркар, но Американецот сепак нема да пристигне во „Градски парк“.
За завршниот турнир од Купот на Македонија стратегот на Работнички ќе може да смета на плејмејкерот Вашингтон, кој дебито за „црвено-белите“ ќе го има на четвртфиналниот дуел со Куманово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА