Блокотехна го освојува Куманово пред утрешната дерби пресметка МЗТ – Работнички

Претпоследното коло од суперлигашкиот дел во домашниот кошаркарски шампионат го носи дербито меѓу градските ривали, МЗТ Скопје Аеродром и Работнички. Бранителот на кошаркарскиот трофеј и лидерот во актуелната сезона меѓусебниот дуел ќе го одиграат утре во салата „Јане Сандански“.

 

Веќе денеска ќе бидат одиграни останатите две средби меѓу Куманово и Блокотехна и меѓу АБ Охрид и Гостивар. Исходот од пресметката меѓу МЗТ и РАботнички не може да донесе никаква промена во позицијата на тимот од „Градски парк“ со оглед дека составот на Марин Докузовски веќе одамна ја потврди првата позиција за влез во разигрувањето.

Она што може да го донесе овој дуел е значајно за бранителот на титулата. МЗТ е во тесна битка со Блокотехна за второто место на конечната табела по суперлигашкиот дел. Ова е важно поради меѓусебниот дуел во полуфиналето од плеј-офот и предноста на домашен терен што ја овозможува второто место на табелата.

Блокотехна кој исто како и МЗТ е во обид да одигра победнички во двете последни кола, денеска се соочува со Куманово на противнички терен. Во првиот натпревар на овие две екипи во Суперлигата, Блокотехна забележа убедлива победа од 103-77.

Блокотехна во завршната рунда ќе игра против Работнички. Нема неизвесност околу тоа кои ќе бидат двојките за полуфиналето, со оглед на позициите на екипите на табелата во пресрет на двете завршни рунди од Суперлигата. Во последниот меч од 9. коло се среќаваат АБ ОХрид и Гостивар, екипите за кои по суперлигашкиот сегмент, завршува оваа натпреварувачка сезона.

Се вчитува...