Блокотехна го збриша Куманово за печат на третото место

Блокотехна славеше убедливо над Куманово (78-55) во последното суперлигашко коло, со што тимот од Гевгелија го осигура третото место во Супер-лигата кое ќе значи и плејоф серија со Работнички во полуфиналето.

Кумановци без шанси за полуфинале допатуваа во салата „НОЕЛ“, успевајќи да парираат само петнаесетина минути. Блокотехна заигра подобро пред крајот на полувремето, на одмор замина со водство од 40-32, за избраниците на тренерот Илиевски да го „збришат“ противникот во третата четвртина што ја добија со 27-9. Во последниот период двајцата тренери им дадоа шанса на резервните кошаркари, резултатот позначајно не се промени, па домаќините на крајот славеа со конечни 23 поени разлика.

Фундербург повторно беше прв стрелец со 23 поени за Блокотехна, а со добра игра изненади и младиот Колев, кој реализираше 11 поени. Кај кумановци најпрецизни во последниот овосезонски натпревар беа Ѓекиќ со 13 и Ковач со 11 постигнати поени.

Се вчитува...