Блокотехна лесно го искачи Пелистер

Екипата на Блокотехна одржува чекор со Работнички и со МЗТ Скопје на врвот на табелата во домашниот кошаркарски шампионат. Оствари гостински тирумф во Битола над Пелистер со 81-66 и со 11 победи и два пораза е со идентичен скор со МЗТ е веднаш зад лидерот Работнички.

Во натпреварот кој го затвори 14. коло, Блокотехна контнуирано ја градеше предноста, имаше плус шест на полувремето, потоа беше поубелдива во третиот сегмент во кој достигна двоцифрна предност. Во завршниот период рутински  ја одржуваше дистанцата во најголем дел од 15 поени.

Данило Мијатовиќ со 22 поени беше најефикасен во триумфот на Блокотехна, Петар Николоќ постигна 15, а Повалис Гаидус 14 поени.

Мико Голубовиќ беше прв на листата стрелци кај Пелистер со 19 поени. Битолскиот тим кој го претрпе 11 пораз е на деветтото место на табелата.

 

 

Се вчитува...