Блокотехна продолжува во триумфален ритам

Куманово и пркосеше, но не успеа да ја победи Блокотехна во последниот денешен натпревар од 10.коло во најсилната домашна кошаркарска конкуренција. Лидерот на табелата му препушти на гостинот само една четвртина во триумфот од 81-69.

Кумановци во третиот период влегоа одлично и со серија од 6-0 успеаја да ја анулираат предноста на Блокотехна од првото полувреме. Сепак тимот на Марјан Илиевски не дозволи долго да трае добриот период на гостите и си ја поврати контролата над резултатот.

Во последниот период влезе со минимална предност, а засиленото темпо во завршните десет минути му донесе сигурна победа, деветата во сезоната и со на останува на водечкото место на табелата. Куманово има негативен биланс од пет порази и четири победи.

Данило Мијатовиќ со 18 поени беше поентерски лидер кај Блокотехна, Марјан Младеновиќ постигна 17, а Брендон Пен 13 поени. Во кумановскиот состав Бранислав Ѓекиќ и Мирко Ковач беа најефикасни со по 17 поени.

Натпреварот кој ќе ја затвори 10. рунда во домашното кошаркарско првенство меѓу шампионот Работнички и Вардар е закажан за утре.

 

Се вчитува...