Блокотехна се раздели од Литванецот Гаидис

Повилас Гаидис од денеска повеќе не е член на Блокотехна откако упавата на клубот од Гевгелија реши да ја прекине соработката со литванскиот интернационалец.

Литванскиот центар беше едно од првите засилувања на тренерот Илиевски сезонава, покажуваше добри игри на првите натпревари, но како што одминуваше времето, така и неговата форма се движеше во надолна линија.

Во ситуација кога Блоко се засили со српскиот центар Божо Џумиќ, донесена беше одлуката за разделба од Гаидис, токму во периодот на кратка пауза поради одлагањето на завршниот турнир од Купот на Македонија.

Се вчитува...