Блокотехна сигурна против Охрид, се враќа на врвот на табелата

Блокотехна ги доби двете четвртини од првото полувреме со по седум поени разлика, направи 14 плус на паузата и тоа беше решавачко за победата над Охрид на домашен терен од 77-66 во дуелот кој го затвори 18. коло во домашниот кошаркарски шампионат. Со овој триумф, Блоктехна дојде со 31 бод, идентично како и МЗТ Скопје и е на првото место на тбаелата.

Во вторто полувреме, Охирд беше минимално подобар во двете четвртини, но тоа беше далеку од доволно за да го загрози фаворизраниот домаќин.

Мијатовиќ со 14 поени повторно беше најдобриот стрелец кај Блокотехна, Думиќ постигна 12 поени, а по 10 имаа Главчев и Николиќ. Андрејевиќ со 15 пени ја предводеше листата стрелци кај Охрид, Дрекаловиќ постигна 14 поени, а Младеновиќ 13.

Се вчитува...