Блокотехна со две победи ја заокружи мини – турнејата во Бугарија

Кошаркарскиот прволигаш Блокотехна со две победи ја заокружи мини – турнејата во Бугарија. Составот на Марјан Илиевски го совлада бугарскиот тим Академик Софија со 71-66.

Најефикасен во редовите на Блокотехна на овој меч беше Гаидис со 18 постигнати поени, а Мијатовиќ уфрли еден поен помалку, Николиќ запиша 12 поени, Младеновиќ 10. За Академик Софија, Чернокожев постигна 13 поени.

По оваа мини – турнеја, тимот на Блокотехна се враќа во Гевгелија каде ќе го продолжи подготовките за новата сезона.

Се вчитува...