Блондинка му покажа среден прст на Надал, па беше избркана од трибините

Рафаел Надал игра со Американецот Мох во рамките од второто коло од Австралија Опен, но овој меч го одбележа инцидентот пред крајот на вториот сет кога една госпоѓа на трибините влезе во конфликт со шпанскиот тенисер.

Се почна со нејзиното константно довикување од трибините, за на крајот Надал и самиот да побара од обезбедувањето да реагира. Блондинката тогаш се надмина себе си, покажувајќи му среден прст на второрангираниот светски тенисер.

Обезбедувањето тргна да ја отстрани, таа неполна минута одбиваше да стане од своето столче, но откако играта беше запрена се додека таа не ги напушти трибините, на крајот попушти и беше изнесена од „Рој Лејвер  Арена“.

Се вчитува...